📷Поранешната WWE шампионка отпуштена поради „жешки“ фотографии, сега заработува 10 пати повеќе отколку што заработуваше во спортот

Поранешната WWE ѕвезда, Менди Роуз (вистинско име Аманда Сакoмано), од „отпуштена поради скандал“ се здоби со неверојатно богатство што го стекна продавајќи ја својата интимна содржина на платформата „OnlyFans“.

Прегледи:

Датум:

Поранешната WWE ѕвезда, Менди Роуз (вистинско име Аманда Сакoмано), од „отпуштена поради скандал“ се здоби со неверојатно богатство што го стекна продавајќи ја својата интимна содржина на платформата „OnlyFans“.

Во 2015 година, Менди стана дел од најсилната организација за борење во светот, а во декември 2022 година беше на врвот на својата кариера – го држеше шампионскиот појас 413 дена. Сепак, само 24 часа по губењето на титулата, WWE ѝ врачи „шут карта“. Причината? Нејзините експлицитни фотографии на платформата FanTime (слична на OnlyFans) беа оценети како несоодветни за имиџот на компанијата.

View this post on Instagram

A post shared by Mandy Rose 🥀 (@mandysacsnetwork)

Додека отпуштањето е крај на кариерата за многу спортисти, за Менди тоа беше почеток на финансиска империја. Штом го напушти рингот, побарувачката за нејзината содржина експлодираше. Само до крајот на тој месец, таа заработи неверојатен милион долари!

Во нејзиниот поткаст „Power Alphas“, Менди отворено зборуваше за тоа колку пари се навистина во прашање:

„Во рок од три месеци добив чек што ме шокираше. Беше буквално колку што заработувам за цела година во WWE. Само тој бонус чек беше мојата годишна плата!“, призна атрактивната русокоса.

Менди истакнува дека нејзиниот живот целосно се променил. Додека во борењето морала да поминува 300 дена во годината на пат, ризикувајќи повреди и „паѓање на грб“ секоја вечер, сега ужива во луксуз и целосна контрола.

„Мојот живот целосно се промени. Сега заработувам десет пати повеќе отколку во WWE, и не морам да примам удари и да бидам на пат нон-стоп. Се будам кога сакам, правам што сакам и ја контролирам мојата содржина според мои услови“, јасна е Менди.

Таа моментално е активна на OnlyFans, каде што претплатата чини 7,99 долари, а ја следат армија обожаватели. На Инстаграм, таа е вистинска ѕвезда со над 3,3 милиони следбеници кои редовно ја „честат“ со провокативни селфиња во бикини.

Овој тренд на „бегство“ од рингот во индустријата за возрасни станува сè попопуларен. Познатиот новинар за борење, Дејв Мелцер, наведува дека Менди „постави шаблон“ што сега го следат и други борачи, како што е Кора Џејд (Елејна Блек), која наводно моментално заработува повеќе од кој било друг активен борач во светот благодарение на OnlyFans.

За потсетување, Менди е среќно мажена за својот поранешен колега Тино Сабатели, кој е нејзн голем поддржувач во оваа „нова кариера“ што ѝ донесе богатство за кое повеќето спортисти можат само да сонуваат.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Тиаго: Да го претставувам Бразил е најголемото достигнување во мојот живот

Напаѓачот на Бразил и Брентфорд, Игор Тиаго, одржа прес-конференција...

Дамфрис ги помина медицинските прегледи за трансфер во Реал Мадрид

Реал Мадрид денес официјално го извести Интер Милан дека...

Дешан за критиките кон Мбапе: „Разговаравме…“

Францускиот капитен Килијан Мбапе е во врвна форма, и...

Мурињо ја информирал Управата: Три ѕвезди мора да бараат нов клуб

Жозе Мурињо ги направи првите решителни чекори откако се...