🎥Меси доби само парична казна за удирање на противнички играч

Ѕвездата на Интер Мајами, Лионел Меси е парично казнет за своите постапки на натпреварот од регуларната сезона на МЛС лигата против Филаделфија Јунион, кој заврши 2-2

Прегледи:

Датум:

Ѕвездата на Интер Мајами, Лионел Меси е парично казнет за своите постапки на натпреварот од регуларната сезона на МЛС лигата против Филаделфија Јунион, кој заврши 2-2.

Во второто полувреме од натпреварот, се случи конфронтација помеѓу Меси и играчот од средниот ред на противничкиот тим, Квин Саливан. Капитенот на Интер Мајами го удри противникот со отворена дланка во тилот, по што двајцата играчи застанаа лице в лице.

И покрај инцидентот, 37-годишниот Меси избегна суспензија и ќе може да учествува во следниот натпревар на својот тим против Торонто.

Оваа сезона во МЛС, Меси постигна 13 гола и направи 8 асистенции на 17 одиграни натпревари.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Рилски посегна по најдобриот адут на ТФТ: Секу Сила заминува од Тафталиџе

ТФТ ќе мора да бара ново решение под кошевите....

Лазаров останува во Европа: Алкалоид загуби во Велење, но го исполни планот

Алкалоид ќе игра во осминафиналето на ЕХФ Европскиот куп,...

🎥 Рома не се предава, Мален и Суле ја доближија „волчицата“ до Лацио

Римските клубови продолжуваат да го диктираат темпото во Серија...

🎬 Реал загуби, Барса казни: пет гола на „Риазор“ за цврсто лидерско место

Барселона ја искористи шансата што ѝ се отвори по...