🎥Шок за Барселона! Јамал се повреди на бизарен начин, се соочува со долга пауза

Најдобриот играч на Барселона, Ламине Јамал, се повреди на синоќешниот натпревар против Селта на прилично бизарен начин.

Прегледи:

Датум:

Најдобриот играч на Барселона, Ламине Јамал, се повреди на синоќешниот натпревар против Селта на прилично бизарен начин.

Имено, Јамал изведе пенал по што се повреди и ја напушти играта. Првичните извештаи укажуваат дека првиот играч на Барса го скина мускулот на тетивата и се соочува со долга пауза.

Ова е загрижувачка вест за навивачите на Барселона кои се борат за титулата во шпанското првенство со Реал Мадрид, а речиси е сигурно дека младиот фудбалер ќе го пропушти претстојното Ел Класико кое би можело да го одреди ново/стариот шпански шампион.

Ова е голем хендикеп за Каталонците, како и за шпанската репрезентација, која се очекува да игра на Светското првенство следното лето.

Шпанците се во групата Х заедно со репрезентациите на Уругвај, Зелен ’Рт и Саудиска Арабија, па затоа поминувањето на групата не би требало да биде исклучено.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Мурињо испрати јасна порака до ѕвездите на Реал Мадрид: Само грбот на клубот е недопирлив

Тренерот на Реал Мадрид, Жозе Мурињо, јасно стави до...

Хапоел има огромен буџет: Дури 70 милиони евра по сезона

Сопственикот на Хапоел Тел Авив, Офер Јанаи, откри дека...

📸 Најавена целосна реконструкција на спортската сала „Македонија“ во Прилеп

Спортската сала „Македонија“ во Прилеп ќе добие целосна реконструкција....

Тен Хаг: Се согласивме Мектомини да остане, а потоа го продадоа

Поранешниот менаџер на Манчестер Јунајтед, Ерик тен Хаг, го...