🎬Меси повторно постигнa гол, но кризата на Интер Мајами продолжува

Интер Мајами не успеа да победи во четвртиот натпревар по ред во американската МЛС лига и петтиот во сите натпреварувања. Тимот на Лионел Меси загуби со 1-2 дома од Торонто, и покрај тоа што Аргентинецот повторно постигна гол.

Прегледи:

Датум:

Интер Мајами не успеа да победи во четвртиот натпревар по ред во американската МЛС лига и петтиот во сите натпреварувања. Тимот на Лионел Меси загуби со 1-2 дома од Торонто, и покрај тоа што Аргентинецот повторно постигна гол.

Торонто пристигна во Флорида со само една победа во последните 14 натпревари во МЛС, но играше многу мудро и ги искористи своите шанси пред голот на Дејн Сент Клер.

Пред паузата речиси и да немаше интересни моменти, бидејќи двата тима дејствуваа премногу претпазливо. Во 59-тата минута, Џошуа Сарџент му донесе водство на Торонто, а само три минути подоцна, Дерик Етјен го постигна вториот гол за гостите од Канада.

Интер Мајами успеа да го намали дефицитот само во 82-тата минута по аргентинска комбинација. Родриго де Пол одигра совршено додавање до Меси, кој елегантно ја испрати топката во мрежата за 1-2.

И покрај поразот, Интер Мајами останува на второто место на табелата во Источната конференција. Сепак, „Чапјите“ имаат само 3 бода предност пред Чикаго Фаер, кои одиграа нерешено 1-1 кај Њујорк Ред Булс.

Во друг натпревар изминатава вечер, Орландо Сити го победија гостинскиот Реал Солт Лејк со 2-1. Антоан Гризман ги постигна двата гола за домашниот тим. Неговиот тим сега е на 9-то место на табелата во Западната конференција.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Рилски посегна по најдобриот адут на ТФТ: Секу Сила заминува од Тафталиџе

ТФТ ќе мора да бара ново решение под кошевите....

Лазаров останува во Европа: Алкалоид загуби во Велење, но го исполни планот

Алкалоид ќе игра во осминафиналето на ЕХФ Европскиот куп,...

🎥 Рома не се предава, Мален и Суле ја доближија „волчицата“ до Лацио

Римските клубови продолжуваат да го диктираат темпото во Серија...

🎬 Реал загуби, Барса казни: пет гола на „Риазор“ за цврсто лидерско место

Барселона ја искористи шансата што ѝ се отвори по...