Новата сезона во Бундеслигата започна, а во првиот натпревар, актуелниот шампион, Баерн, го победи Штутгарт со 5-1 на домашен терен.
Само еден гол беше постигнат во првото полувреме, а Баерн водеше со 1-0. По корнер, Упамекано најдобро реагираше и го постигна првиот гол за домашните.
На почетокот од второто полувреме, Штутгарт израмни со голот на Вангоман, но Баерн брзо го врати водството. Олисе постигна гол во 55-тата минута за резултат од 2-1, додека напаѓачот на гостите Вангоман постигна автогол во 57-тата минута за резултат од 3-1 за домашниот тим.
Во завршницата, Баерн дополнително го зголеми своето водство на конечни 5-1, со головите на Павловиќ во 82-тата минута и Дијаз во 92-тата минута.
Останатите натпревари од ова коло се играат во сабота и недела.


