Ал-Наср успеа да направи пресврт во резултатот против Ал-Тааун, а рефлекторите повторно беа насочени кон Кристијано Роналдо, кој го постигна својот 978-ми гол во кариерата.
Ал Тааун поведе во 11-тата минута, но домашните израмнија во петтата минута од судиското продолжение на првото полувреме преку Саму.
Пресвртот беше комплетиран на почетокот на второто полувреме. Роналдо добро се снајде и го доведе Ал-Наср во водство, постигнувајќи го својот 978-ми гол во кариерата.
🚨🇸🇦 | GOAL: CRISTIANO RONALDO SEALS THE COMEBACK FOR AL-NASSR!
978 CAREER GOALS! THE GOAT!
Al-Nassr 2-1 Al-Taawuon. pic.twitter.com/OwxPTvxjrT
— TheGoalsZone (@TheGoalsZone) August 28, 2026
Португалецот изгледаше малку изненаден по голот, што се гледа од неговите гестови. Овој пат, неговата препознатлива прослава „Сиууу“ недостасуваше.


