Алиоски: Репрезентацијата секогаш ми била посебен мотив и се надевам дека ќе продолжам да придонесувам за нејзините успеси

На прес-конференцијата пред дуелот помеѓу Турција и Македонија на стадионот „Шукру Сарачоглу“ се обрати Езѓан Алиоски, кој порача дека ваквите натпревари се од големо значење за развојот на селекцијата.

Прегледи:

Датум:

На прес-конференцијата пред дуелот помеѓу Турција и Македонија на стадионот „Шукру Сарачоглу“ се обрати Езѓан Алиоски, кој порача дека ваквите натпревари се од големо значење за развојот на селекцијата.

„Ова се мечеви од кои можеме многу да научиме. Против Босна и Херцеговина покажавме добри работи, но јасно е дека е потребно време за да се воиграме. Секој ваков натпревар е ново искуство и нов чекор напред за тимот“, рече Алиоски.

Македонскиот репрезентативец зборуваше и за значењето на дресот со број 10, кој го носи во отсуство на капитенот Енис Барди.

„Голема чест е да се носи тој број во националниот тим. Сепак, најважно е она што ќе го покажеш на теренот. Репрезентацијата секогаш ми била посебен мотив и се надевам дека ќе продолжам да придонесувам за нејзините успеси“, истакна Алиоски.

Контролниот натпревар меѓу Турција и Македонија ќе се одигра утре на стадионот „Шукру Сарачоглу“ во Истанбул, со почеток во 18:30 часот.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

📽️ Детроит направи голем пресврт и го победи Бостон на стартот на НБА лигата

Детроит ја отвори новата сезона во НБА лигата на...

Јалчин е нов селектор на Турција

Серген Јалчин е нов селектор на турската фудбалска репрезентација,...

Фабрегас ги отфрли шпекулациите за нов тренер на Манчестер Јунајтед

Тренерот Сеск Фабрегас не сакаше да зборува за можноста...

🎥 Спектакл со шест гола во Париз: ПСЖ ја победи Барселона во неверојатен финиш

ПСЖ ја победи Барселона со 4-2 во дербито од...