Седлоски пред Турција: Уште еден важен тест во процесот на градење на тимот

Македонската фудбалска репрезентација ги привршува подготовките за утрешниот контролен натпревар против Турција во Истанбул, селекција која ќе настапи на овогодинешното Светско првенство

Прегледи:

Датум:

Македонската фудбалска репрезентација ги привршува подготовките за утрешниот контролен натпревар против Турција во Истанбул, селекција која ќе настапи на овогодинешното Светско првенство.

Во пресрет на дуелот на стадионот „Шукру Сарачоглу“, селекторот Гоце Седлоски истакна дека натпреварот претставува одлична можност за проверка на квалитетите на новиот тим што се создава.

„Турција е исклучително квалитетна репрезентација со фудбалери кои настапуваат на највисоко европско ниво. За нас ова е уште еден важен тест во процесот на градење на тимот. Немаме многу време за работа, но задоволен сум од односот и ангажманот на играчите. Сакам да се претставиме во добро светло и да покажеме дека можеме рамноправно да се носиме и со вакви противници“, изјави Седлоски.

Селекторот најави можност за промени во составот во однос на натпреварот против Босна и Херцеговина, со цел шанса да добијат и останатите репрезентативци.

„Во составот имаме многу нови играчи, меѓу нив и седуммина од домашното првенство. Важно е сите да почувствуваат што значи да се игра за репрезентацијата и постепено да се вклопат во системот. Резултатот е важен, но уште поважно е да изградиме препознатлива игра и тимска хемија“, додаде Седлоски.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Мурињо испрати јасна порака до ѕвездите на Реал Мадрид: Само грбот на клубот е недопирлив

Тренерот на Реал Мадрид, Жозе Мурињо, јасно стави до...

Хапоел има огромен буџет: Дури 70 милиони евра по сезона

Сопственикот на Хапоел Тел Авив, Офер Јанаи, откри дека...

📸 Најавена целосна реконструкција на спортската сала „Македонија“ во Прилеп

Спортската сала „Македонија“ во Прилеп ќе добие целосна реконструкција....

Тен Хаг: Се согласивме Мектомини да остане, а потоа го продадоа

Поранешниот менаџер на Манчестер Јунајтед, Ерик тен Хаг, го...