Алисон има усмен договор со Јувентус?

Според италијанскиот новинар Матео Морето - Алисон Бекер ги одбројува последните денови на „Енфилд“. И Алфредо Педуља ја објави истата вест.

Прегледи:

Датум:

Според италијанскиот новинар Матео Морето – Алисон Бекер ги одбројува последните денови на „Енфилд“. И Алфредо Педуља ја објави истата вест.

Повеќе од една година е познато дека бразилскиот голман ќе го напушти Ливерпул кога ќе му истече договорот. Затоа Ливерпул минатата сезона го обезбеди доаѓањето на Ѓорѓи Мамардашвили, кој во тоа време беше проектиран како замена за Бекер. Самиот Бекер учествуваше во одлуката за неговиот наследник.

Затоа нема простор за никаква сензација во фактот дека Бразилецот го напушта Ливерпул, но секако е интересно да се види каде ќе ја продолжи својата кариера.

Матео Морето денеска објави дека Бекер постигнал усмен договор со Јувентус и дека сè би можело да биде официјализирано во наредните денови.

Бекер се приклучи на Ливерпул во 2018 година и сигурно ќе сака да најде нова работа пред Светското првенство.

„Јувентус бара голман со големо име и изборот падна на Алисон. Двете страни веќе постигнаа усмен договор“, вели Морето.

На својот Јутјуб канал, Италијанецот зборува и за тоа дали и што ќе побара Ливерпул за да го ослободи Алисон, но очигледно заборава на фактот дека договорот на Алисон со Ливерпул истекува на 1 јули и дека токму поради оваа причина еден од најдобрите голмани во светот успеал да преговара со некого.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Карик задоволен од селекцијата

Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Мајкл Карик, изјави дека е...

🎬 Ројевиќ и ГРК Охрид заедно до 2029 година

Борис Ројевиќ го продолжи договорот со ГРК Охрид до...

Апелациониот суд на ФИА му го одзеде подиумот на Гасли на ГН во Монако

Три месеци по Големата награда на Монако, трката во...

Мекларен го праќа Норис во Ле Ман следната година?

Светскиот шампион во Формула 1, Ландо Норис, би можел...