Артета: Нашата цел е повторно да ја освоиме титулата

Менаџерот на Арсенал, Микел Артета, го пофали својот тим по победата од 3-0 над новодојдениот Ковентри во првото коло од Премиер лигата.

Прегледи:

Датум:

Менаџерот на Арсенал, Микел Артета, го пофали својот тим по победата од 3-0 над новодојдениот Ковентри во првото коло од Премиер лигата.

„Одлична игра – ми се допаднаа многу работи во играта на момчињата. Доминиравме целосно, имаше неверојатно разбирање на теренот. Постигнавме два одлични гола пред паузата. Моравме да ја контролираме играта и им дадовме време на некои играчи за игра, па затоа беше навистина добар натпревар“, рече Артета.

„Не чувствуваме дека мора да браниме нешто. Само сакаме повторно да ја освоиме титулата, тоа е нашиот став. Минатата сезона е минато, сега целта е да го повториме успехот“, нагласи стручњак.

„Ковентри е добар противник, многу добро подготвен. Овој тим има јасна идеја како сака да ви предизвика проблеми“, додаде тренерот на „топџиите“.

Артета стана петтиот менаџер во историјата на Премиер лигата кој стигнал до 150 победи во помалку од 250 натпревари. Синоќешниот натпревар беше 249-ти за Шпанецот како менаџер на Арсенал во највисоката лига на англискиот фудбал.

Рекордер во овој поглед е Пеп Гвардиола, кој ја забележа својата 150-та победа како менаџер на Манчестер Сити во својот 204-ти натпревар.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

📸 Што значат илјадниците банани од навивачите на Сити во дербито со Ливерпул?

Навивачите на Манчестер Сити денес донесоа надуени банани, еден...

Хамилтон ја презема вината за неуспешната стратегија на Ферари во Сингапур

Стратешка грешка за време на Големата награда на Сингапур...

Премиер лига: Палас го победи Нотингем, Хал и Евертон ремизираа

Кристал Палас го победи Нотингем Форест со 3-1 дома...

Лацио ја победи Монца и се израмни со Интер на врвот

Фудбалерите на Лацио ја оправдаа својата улога на фаворити...