Атанасов: Кога доаѓаме во репрезентацијата не постојат пријателски натпревари

Фудбалската репрезентација на Македонија ги започна подготовките за претстојниот пријателски натпревар против Босна и Херцеговина. Фудбалерите, предводени од Гоце Седлоски, го одработија првиот тренинг

Прегледи:

Датум:

Фудбалската репрезентација на Македонија ги започна подготовките за претстојниот пријателски натпревар против Босна и Херцеговина. Фудбалерите, предводени од Гоце Седлоски, го одработија првиот тренинг.

И покрај тоа што станува збор за пријателски натпревар, пристапот и мотивот остануваат на највисоко ниво кога се носи дресот на Македонија.

„Кога доаѓаме во репрезентацијата на Македонија, не постојат пријателски натпревари. Тука сме да го дадеме максимумот и да покажеме дека заслужено го носиме македонскиот дрес“, истакна македонскиот репрезентативец Јани Атанасов.

Фудбалерот од средниот ред на грчка Лариса вели дека и новите имиња во тимот имаат квалитет и потенцијал да придонесат за идните успеси на селекцијата.

„Верувам дека селекторот ги избрал вистинските фудбалери. И ние пред неколку години дојдовме како нови играчи, дадовме сè од себе и се надевам дека сите заедно ќе продолжиме да туркаме кон големи успеси“, додаде тој.

Македонија ќе се соочи со репрезентацијата на Босна и Херцеговина, која зад себе има успешен квалификациски циклус и пласман на Светското првенство.

„Босна и Херцеговина покажа квалитет и одигра одлични квалификации. Станува збор за силна и квалитетна репрезентација, но ние одиме да се надигруваме и да се подготвиме за победа”, порача Атанасов.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Мурињо испрати јасна порака до ѕвездите на Реал Мадрид: Само грбот на клубот е недопирлив

Тренерот на Реал Мадрид, Жозе Мурињо, јасно стави до...

Хапоел има огромен буџет: Дури 70 милиони евра по сезона

Сопственикот на Хапоел Тел Авив, Офер Јанаи, откри дека...

📸 Најавена целосна реконструкција на спортската сала „Македонија“ во Прилеп

Спортската сала „Македонија“ во Прилеп ќе добие целосна реконструкција....

Тен Хаг: Се согласивме Мектомини да остане, а потоа го продадоа

Поранешниот менаџер на Манчестер Јунајтед, Ерик тен Хаг, го...