Македонија ги започна подготовките за дуелите со БиХ и Турција

Македонската фудбалска репрезентација денеска официјално ги започна подготовките за претстојните пријателски натпревари против Босна и Херцеговина во Сараево (29. мај) и Турција во Истанбул (1. јуни)

Прегледи:

Датум:

Македонската фудбалска репрезентација денеска официјално ги започна подготовките за претстојните пријателски натпревари против Босна и Херцеговина во Сараево (29. мај) и Турција во Истанбул (1. јуни).

На собирот во хотел „Хилтон“ селекторот и стручниот штаб ги имаа на располагање речиси сите повикани фудбалери. Во репрезентативната база недостасуваа капитенот Енис Барди и Елиф Елмас, кои вечерва ќе му се приклучат на националниот тим, како и Агон Елези, чиe доаѓање е најавено за утре.

Македонија на 29. мај во Сараево ќе одигра пријателски натпревар против репрезентација на Босна и Херцеговина, додека на 1 јуни во Истанбул ќе се соочи со селекцијата на Турција. Двете репрезентации се учесници на Светското првенство.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

📽️ Детроит направи голем пресврт и го победи Бостон на стартот на НБА лигата

Детроит ја отвори новата сезона во НБА лигата на...

Јалчин е нов селектор на Турција

Серген Јалчин е нов селектор на турската фудбалска репрезентација,...

Фабрегас ги отфрли шпекулациите за нов тренер на Манчестер Јунајтед

Тренерот Сеск Фабрегас не сакаше да зборува за можноста...

🎥 Спектакл со шест гола во Париз: ПСЖ ја победи Барселона во неверојатен финиш

ПСЖ ја победи Барселона со 4-2 во дербито од...