Баерн Минхен загрижен за Кејн: Англичанецот неизвесен за натпреварот со Реал

Баерн Минхен доби загрижувачки вести од кампот на репрезентацијата на Англија, откако Хари Кејн се повреди пред пријателскиот натпревар со Јапонија

Прегледи:

Датум:

Баерн Минхен доби загрижувачки вести од кампот на репрезентацијата на Англија, откако Хари Кејн се повреди пред пријателскиот натпревар со Јапонија.

Како што потврди актуелниот европски вицешампион, Кејн почувствувал непријатност на тренингот пред натпреварот со азиската селекција, поради што не настапуваше за тимот.

Смртоносниот голгетер претходно го пропушти натпреварот со Уругвај, а тренерот Томас Тухел одлучи да не ризикува со него против Јапонија, со оглед на новите околности.

Она што ги загрижува Баварците е фактот дека Кејн се врати од повреда кон средината на март, по пауза од два натпревари поради повреда на листот на ногата. Сега прашањето е колку е интензивна онаа што ја заработи за време на репрезентативната пауза и дали ќе може да му помогне на тимот во четвртфиналниот натпревар од Лигата на шампионите со Реал Мадрид.

Првиот судир меѓу германскиот и шпанскиот гигант е закажан за вторник, а навивачите на Баерн со нетрпение го очекуваат петокот кога Винсент Компани ќе излезе да одржи прес-конференција пред натпреварот од Бундеслигата против Фрајбург, и веројатно ќе открие нешто повеќе за состојбата на англискиот напаѓач.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Мурињо испрати јасна порака до ѕвездите на Реал Мадрид: Само грбот на клубот е недопирлив

Тренерот на Реал Мадрид, Жозе Мурињо, јасно стави до...

Хапоел има огромен буџет: Дури 70 милиони евра по сезона

Сопственикот на Хапоел Тел Авив, Офер Јанаи, откри дека...

📸 Најавена целосна реконструкција на спортската сала „Македонија“ во Прилеп

Спортската сала „Македонија“ во Прилеп ќе добие целосна реконструкција....

Тен Хаг: Се согласивме Мектомини да остане, а потоа го продадоа

Поранешниот менаџер на Манчестер Јунајтед, Ерик тен Хаг, го...