Бундеслига: Шокантен пораз за Леверкузен, Лајпциг убедлив

Сензација на почетокот од Бундеслигата - повратниците во елитното друштво, Елверсберг, го демолираа Леверкузен со 3:2 на домашен терен

Прегледи:

Датум:

Сензација на почетокот од Бундеслигата – повратниците во елитното друштво, Елверсберг, го демолираа Леверкузен со 3:2 на домашен терен.

Елверсберг веќе имаше водство од два гола по девет минути. Петков и Кембел постигнаа голови, а Нтусу го зголеми резултатот на 3:0 на почетокот од второто полувреме.

Леверкузен се разбуди во финишот, но беше предоцна. Шик го намали дефицитот во 77-та минута, додека Кофане го постави конечниот резултат во првата минута од судиското продолжение.

Лајпциг беше сигурен против Борусија Менхенгладбах со 3:0 на домашен терен. Баку го отвори резултатот за гостите во 25-та минута, Нуса го удвои водството на почетокот од второто полувреме, а Роко Рајц го зголеми резултатот на 3:0 во 66-та.

Унион Берлин и Ајнтрахт Франкфурт одиграа нерешено 3:3.

Дури ни „хет-трикот“ на Ебнуталиб не беше доволен за Ајнтрахт, а Лате Лато, Керфелд и Шкарке од Унион му ја расипаа забавата.

Во преостанатите натпревари од попладневната програма, Келн го победи Хофенхајм во голеада (3:2), додека Мајнц и Падерборг одиграа реми без голови.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Лазаров останува во Европа: Алкалоид загуби во Велење, но го исполни планот

Алкалоид ќе игра во осминафиналето на ЕХФ Европскиот куп,...

🎥 Рома не се предава, Мален и Суле ја доближија „волчицата“ до Лацио

Римските клубови продолжуваат да го диктираат темпото во Серија...

🎬 Реал загуби, Барса казни: пет гола на „Риазор“ за цврсто лидерско место

Барселона ја искористи шансата што ѝ се отвори по...

Навивачите го опколија тренинг кампот на Манчестер Јунајтед, полицијата реагира

Кризата во Манчестер Јунајтед достигна нова точка на вриење...