Де Зерби за Тотенхем: Воодушевен сум што се приклучувам на овој фантастичен фудбалски клуб

Италијанскиот стручњак Роберто Де Зерби е новиот тренер на Тотенхем, објави англискиот клуб

Прегледи:

Датум:

Италијанскиот стручњак Роберто Де Зерби е новиот тренер на Тотенхем, објави англискиот клуб.

Како што беше објавено, 46-годишниот Италијанец потпиша долгорочен договор со челниците на „петлите“, а медиумите тврдат дека станува збор за соработка до јуни 2031 година.

„Воодушевен сум што се приклучувам на овој фантастичен фудбалски клуб, кој е еден од најголемите и најпрестижните во светот“, изјави Италијанецот за веб-страницата на клубот и додаде:

„Во сите мои разговори со раководството на клубот, нивната амбиција за иднината беше јасна, да изградат тим способен да постигне големи достигнувања, и тоа да го сторат играјќи стил на фудбал што ги возбудува и инспирира нашите навивачи. Јас сум тука затоа што верувам во таа амбиција и потпишав долгорочен договор за да дадам се од себе за да го остварам тоа“.

Во својата тренерска кариера досега, Де Зерби ги водеше Олимпик Марсеј, Шахтјор Донецк, Брајтон, Сасуоло и Палермо, меѓу другите.

Неговата прва задача во Тотенхем ќе биде да го обезбеди нивниот опстанок во Премиер лигата во преостанатите седум кола.

Тотенхем е прв над линијата со 30 бода, додека градскиот ривал Вест Хем е 18-ти со 29

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Изненадување на сезоната: Гасли ја освои пол-позицијата во Монца

Пјер Гасли го направи изненадувањето на сезоната во Формула...

🎥Аматеризам: Милиметри ги делеа Сити и Донарума од бизарен автогол

Голманот на Манчестер Сити, Џанлуиџи Донарума, речиси направи кардинална...

Нов удар за Реал Мадрид: Кукуреља неизвесен за натпреварот со Интер во Лигата на шампионите

Брилијантниот лев бек на Реал Мадрид, Марк Кукуреља, беше...