Дисциплинската комисија на ФФМ со казни за Македонија ЃП, Шкупи, Тиквеш и Шкендија Арачиново

На последната седница на Дисциплинската комисија при ФФМ донесе одлуки за казни на неколку фудбалски тимови

Прегледи:

Датум:

На последната седница на Дисциплинската комисија при ФФМ донесе одлуки за казни на неколку фудбалски тимови.

Златко Ристов кондициски тренер на ФК Македонија ЃП се казнува со забрана на вршење на функција во траење од еден месец.

Против ФК Македонија ЃП се поведува дисциплинска постапка поради слаба организација односно користење на пиротехнички средства и фрлање на предмети во терен на натпреварот од 3. коло во Втора МФЛ меѓу ФК Македонија ЃП-ФК Пелистер.

Против ФК Шкупи 1927 АД се поведува дисциплинска постапка поради слаба организација односно фрлање на предмети во терен на натпревар од 3. коло во Втора МФЛ меѓу екипите на ФК Шкупи 1927 АД-ФК Тетекс 1953.

Фудбалерот на ГФК Тиквеш 1930 АД, Лавал Емануел се казнува со забрана на настап на три натпревари

ФК Шкендија Арачиново се казнува со 2500 евра поради слаба организација односно фрлање на предмети во терен присуство на неслужбени лица во службени простории вербален напад на судијата на натпреварот.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

📽️ Детроит направи голем пресврт и го победи Бостон на стартот на НБА лигата

Детроит ја отвори новата сезона во НБА лигата на...

Јалчин е нов селектор на Турција

Серген Јалчин е нов селектор на турската фудбалска репрезентација,...

Фабрегас ги отфрли шпекулациите за нов тренер на Манчестер Јунајтед

Тренерот Сеск Фабрегас не сакаше да зборува за можноста...

🎥 Спектакл со шест гола во Париз: ПСЖ ја победи Барселона во неверојатен финиш

ПСЖ ја победи Барселона со 4-2 во дербито од...