Елмас: Очекувам да играме понапаѓачки, ако не напаѓаш – не можеш да победиш

Репрезентативецот на Македонија, Елиф Елмас вели дека новиот циклус, промените во тимот и новиот селектор бараат целосен фокус на сопствената игра и создавање на препознатлив стил на теренот.

Прегледи:

Датум:

Репрезентативецот на Македонија, Елиф Елмас вели дека новиот циклус, промените во тимот и новиот селектор бараат целосен фокус на сопствената игра и создавање на препознатлив стил на теренот.

„Имаме нов селектор, ова е втор собир и има нови играчи. Најважно е да бидеме фокусирани на нас и на тоа што треба да го изградиме како репрезентација пред септемвриските натпревари. Нè очекуваат силни противници и мора максимално да се подготвиме“, изјави Елмас.

Македонскиот фудбалски репрезентативец смета дека тимот треба да игра поотворено и поофанзивно, но и да ја задржи компактноста кога е потребно.

„Очекувам да играме понапаѓачки, затоа што ако не напаѓаш, не можеш да победиш. Фудбалот бара баланс, некогаш треба сите да се браниме, а некогаш сите да нападнеме. Ќе биде важно како ќе ги спроведеме задачите што ќе ги добиеме од селекторот“.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

📽️ Детроит направи голем пресврт и го победи Бостон на стартот на НБА лигата

Детроит ја отвори новата сезона во НБА лигата на...

Јалчин е нов селектор на Турција

Серген Јалчин е нов селектор на турската фудбалска репрезентација,...

Фабрегас ги отфрли шпекулациите за нов тренер на Манчестер Јунајтед

Тренерот Сеск Фабрегас не сакаше да зборува за можноста...

🎥 Спектакл со шест гола во Париз: ПСЖ ја победи Барселона во неверојатен финиш

ПСЖ ја победи Барселона со 4-2 во дербито од...