Влегувам во најдобрите денови од кариерата, се надевам ќе ѝ помогнам на Македонија, вели Димитриевски

Голманот на фудбалската репрезентација на Македонија, Столе Димитриевски пред дуелот против Босна и Херцеговина истакна дека атмосферата во националниот тим е одлична и покрај промените во составот во однос на претходните собири

Прегледи:

Датум:

Голманот на фудбалската репрезентација на Македонија, Столе Димитриевски пред дуелот против Босна и Херцеговина истакна дека атмосферата во националниот тим е одлична и покрај промените во составот во однос на претходните собири.

„До претходниот натпревар секое мое присуство на прес-конференција значеше „чиста мрежа“. Се надевам дека ќе се вратиме на тоа. Сега се подготвуваме за Босна и Херцеговина и сакаме да одиграме квалитетен натпревар во двата правци.

Подолго време сум во добра форма и се чувствувам одлично. Мислам дека влегувам во најдобрите денови од кариерата. Кај нас голманите тоа доаѓа малку подоцна, но се надевам дека ќе продолжам во ист ритам и ќе ѝ помогнам на Македонија и на идеите на селекторот.

Ќе видиме како ќе се развива натпреварот. Работевме на сите сегменти од играта, добро се подготвивме и направивме квалитетна анализа. Се надеваме дека ќе извршиме поголем притисок на противничката половина.

Натпреварите од Лигата на нации што следуваат се најважни за нас, а Босна е селекција која по стилот многу наликува на репрезентациите што нè очекуваат во наредниот период“, изјави Димитриевски.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Билбао му одржаа лекција на Атлетико Мадрид

Фудбалерите на Атлетико Билбао му одржаа лекција на Атлетико...

Премиер лига: Халанд кобен за Ковентри, прв бод за Тотенхем

Фудбалерите на Манчестер Сити го победија Ковентри со 1-0...

Бундеслига: Дортмунд и Елвесбург со пресврти, Лајпциг поразен

Борусија Дортмунд го победи Хофенхајм со 3-2 на гости,...

Изненадување на сезоната: Гасли ја освои пол-позицијата во Монца

Пјер Гасли го направи изненадувањето на сезоната во Формула...