Флик го продолжува договорот со Барселона до 2028 година

Германскиот тренер Ханси Флик ќе го продолжи договорот со актуелниот шпански шампион, Барселона

Прегледи:

Датум:

Германскиот тренер Ханси Флик ќе го продолжи договорот со актуелниот шпански шампион, Барселона.

Како што објави најпознатиот фудбалски инсајдер Фабрицио Романо, Флик го продолжи договорот со Каталонците до 2028 година.

Претседателот на Барселона, Жоан Лапорта, потврди дека договорот е постигнат и дека наскоро се очекува официјално соопштение.

„Наскоро ќе го потврдиме продолжувањето на соработката со Ханси. Флик се согласи, тој е многу среќен тука.“, кажа претседателот.

Продолжувањето на соработката не е изненадување, особено откако Лапорта ја врати довербата на претседателските избори.

За потсетување, Флик ја презеде Барселона во летото 2024 година, а во својата прва сезона ја освои титулата во шпанското првенство и Кралскиот куп.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Тен Хаг: Се согласивме Мектомини да остане, а потоа го продадоа

Поранешниот менаџер на Манчестер Јунајтед, Ерик тен Хаг, го...

Реал Мадрид бара пари од шест англиски гиганти за пропаднатата Суперлига

Реал Мадрид има намера да собере дел од трошоците...

Алегри разговарал со Де Лаурентис: Зборовите не значат ништо, ни требаат резултати

Тренерот на Наполи, Масимилијано Алегри, потврди дека разговарал со...

Фјури го пофали Дубоа па го предупреди Џошуа: Истото те очекува и на 11 декември

Тајсон Фјури ја искористи победата на Даниел Дубоа над...