Македонија против фаворизираната Хрватска во квалификациите за ЕП 2027

Женската сениорска репрезентација на Македонија привршува со настапите во квалификациите за Европското првенство кое во 2027 година ќе се игра во четири земји. Белгија, Финска, Литванија и Шведска.

Прегледи:

Датум:

Женската сениорска репрезентација на Македонија привршува со настапите во квалификациите за Европското првенство кое во 2027 година ќе се игра во четири земји. Белгија, Финска, Литванија и Шведска.

Вечерва, нашиот женски сениорски национален тим ќе го одигра последниот натпревар од првата фаза, дел од групата „Ф“ од квалификациите за Евробаскeтот 2027 година, а за противник ја има селекцијата на Хрватска.

По гостувањата во Данска, потоа и Грција, нашиот женски национален тим се врати во Скопје, каде одработи два тренинзи пред „финалето“, односно натпреварот со Хрватска. Селекторот Александар Ашаданов со соочи со ситни проблеми, односно повреди на кои се пожалија Марија Николов и Мерит Хемпе.

На средбата со Грција во Солун, Николов доби силен удар во пределот на главата, поради што беше поштедена на последниот тренинг. Но ќе биде на теренот за вечерашниот дуел против фаворизираниот противник.

Проблеми има и нашата најдобра кошаркарка на последните две средби во овој дел од квалификациите. По доаѓањето во Скопје, лекарскиот тим се грижи Мерит Хемпе да биде во составот и да го даде својот придонес во обидите на нашиот тим да прикаже многу подобра игра во однос на оние на гостински паркет во овој мартовски ФИБА „прозорец“. Но неизвесноста дали нашиот најдобар стрелец во оваа фаза од квалификациите ќе биде на теренот, ќе потрае до пред почетокот на средбата.

Натпреварот кој се игра во салата во „Градски парк““ во Скопје, почнува од 18.00 часот.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Хапоел има огромен буџет: Дури 70 милиони евра по сезона

Сопственикот на Хапоел Тел Авив, Офер Јанаи, откри дека...

📸 Најавена целосна реконструкција на спортската сала „Македонија“ во Прилеп

Спортската сала „Македонија“ во Прилеп ќе добие целосна реконструкција....

Тен Хаг: Се согласивме Мектомини да остане, а потоа го продадоа

Поранешниот менаџер на Манчестер Јунајтед, Ерик тен Хаг, го...

Реал Мадрид бара пари од шест англиски гиганти за пропаднатата Суперлига

Реал Мадрид има намера да собере дел од трошоците...