Флик: Нивото на Барселона е повисоко од минатата сезона

Шампионот на Ла Лига, Барселона, ја започнува новата сезона со гостување во Елче во недела навечер. Тимот го одложи натпреварот од првото коло и затоа, како и Реал Мадрид, дури сега ги започнуваат битките во првенството

Прегледи:

Датум:

Шампионот на Ла Лига, Барселона, ја започнува новата сезона со гостување во Елче во недела навечер. Тимот го одложи натпреварот од првото коло и затоа, како и Реал Мадрид, дури сега ги започнуваат битките во првенството.

Каталонците беа активни на пазарот ова лето, но сè уште не можат да го земат Хулијан Алварез од Атлетико.

„Нема простор за изговори. Ова е прв натпревар, мора да го добиеме и да започнеме добро. Нема да биде лесно, Елче знае како да игра со топката, брзо ја вадат и ја контролираат. Ќе мора да покажеме 100% од нашите способности. Верувам дека секој треба да го даде својот максимум, ништо помалку“, изјави Германецот во пресрет на натпреварот.

„Не ме загрижува што сè уште не е пристигнат нов број 9. Не сакам да зборувам за играчи (Хулијан Алварез) од други тимови. Деко и јас разговараме секој ден. Сè е поврзано со тимот и клубот. Само Деко, јас и уште неколку луѓе знаеме точно што сакаме. Деко одлично ја врши работата“, кажа тој во однос на Аргентинецот.

„Имаше многу промени, но понекогаш е многу добро да се променат работите во соблекувалната бидејќи на тој начин сите се свесни за ситуацијата. Доведовме играчи од врвно ниво и квалитетот е повисок. На крајот на денот, тоа е натпревар и сите се борат да играат. Ова ги прави играчите посилни, ги прави да се подобрат и тимот расте. Така се освојуваат титули. Привилегија е да се може да се тренира секој ден со овој огромен квалитет. Им кажав на играчите дека квалитетот е одличен, но утре започнува најважното. Мора да почнеме добро и со победа“, додаде тренерот на Каталонците.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

📸 Што значат илјадниците банани од навивачите на Сити во дербито со Ливерпул?

Навивачите на Манчестер Сити денес донесоа надуени банани, еден...

Хамилтон ја презема вината за неуспешната стратегија на Ферари во Сингапур

Стратешка грешка за време на Големата награда на Сингапур...

Премиер лига: Палас го победи Нотингем, Хал и Евертон ремизираа

Кристал Палас го победи Нотингем Форест со 3-1 дома...

Лацио ја победи Монца и се израмни со Интер на врвот

Фудбалерите на Лацио ја оправдаа својата улога на фаворити...