Флик по елиминацијата во Купот: „Ако играме вака, никој не може да нè запре“

Тренерот на Барселона, Ханси Флик, го пофали настапот на својот тим во реваншот од полуфиналето на Кралскиот Куп против Атлетико Мадрид, кој го добија со 3-0

Прегледи:

Датум:

Тренерот на Барселона, Ханси Флик, го пофали настапот на својот тим во реваншот од полуфиналето на Кралскиот Куп против Атлетико Мадрид, кој го добија со 3-0. И покрај успехот, Каталонците беа елиминирани со вкупен резултат од 3-4.

„Сите играчи дадоа сè од себе и одиграа фантастичен натпревар. Само што четвртиот гол не дојде, тоа се случува“, рече Флик.

„Имам чувство дека ако играме повеќе вакви натпревари, ќе бидеме незапирливи“, додаде Германецот.

„Имаме нови повреди (Жил Кунде и Алехандро Балде – н.з.), за кои не сум задоволен. Ќе мора да разговараме со медицинскиот тим и со фитнес тренерите: како можеме да спречиме тројца играчи да се повредат за една недела?“, додаде тренерот на Барса.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Мурињо испрати јасна порака до ѕвездите на Реал Мадрид: Само грбот на клубот е недопирлив

Тренерот на Реал Мадрид, Жозе Мурињо, јасно стави до...

Хапоел има огромен буџет: Дури 70 милиони евра по сезона

Сопственикот на Хапоел Тел Авив, Офер Јанаи, откри дека...

📸 Најавена целосна реконструкција на спортската сала „Македонија“ во Прилеп

Спортската сала „Македонија“ во Прилеп ќе добие целосна реконструкција....

Тен Хаг: Се согласивме Мектомини да остане, а потоа го продадоа

Поранешниот менаџер на Манчестер Јунајтед, Ерик тен Хаг, го...