Ливерпул постави антирекорд во Премиер лигата

Ова е петти пораз на Ливерпул во сезоната предизвикан од гол примен по 90-тата минута

Прегледи:

Датум:

Ливерпул претрпе пораз од 1-2 од Вулверхемптон Вондерерс во натпревар од 29-то коло на Премиер лигата, а поразот дојде по гол во четвртата минута од судиското продолжение. Автор на победничкиот гол за „волците“ беше Андре.

Ова е петти пораз на Ливерпул во сезоната предизвикан од гол примен по 90-тата минута. Ниту еден друг тим во историјата на Премиер лигата не регистрирал слично достигнување во рамките на една сезона.

Претходните порази на „црвените“ по 90-тата минута оваа сезона беа во натпреварите против Манчестер Сити (1-2) во 25-то коло, Борнмут (2-3) во 23-то коло, Челси (1-2) во 7-то коло и Кристал Палас (1-2) во 6-то коло.

По синоќешниот натпревар, Ливерпул е на 5-то место на табелата со 48 бода. Вулверхемптон останува на последното место, 20-то со 16 бода.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Мурињо испрати јасна порака до ѕвездите на Реал Мадрид: Само грбот на клубот е недопирлив

Тренерот на Реал Мадрид, Жозе Мурињо, јасно стави до...

Хапоел има огромен буџет: Дури 70 милиони евра по сезона

Сопственикот на Хапоел Тел Авив, Офер Јанаи, откри дека...

📸 Најавена целосна реконструкција на спортската сала „Македонија“ во Прилеп

Спортската сала „Македонија“ во Прилеп ќе добие целосна реконструкција....

Тен Хаг: Се согласивме Мектомини да остане, а потоа го продадоа

Поранешниот менаџер на Манчестер Јунајтед, Ерик тен Хаг, го...