Футсал: Триумф на Македонија во дуелот против Бугарија

Футсал репрезентацијата со победа го отвори настапот во првиот круг од квалификациите за пласман на Светското првенство

Прегледи:

Датум:

Футсал репрезентацијата со победа го отвори настапот во првиот круг од квалификациите за пласман на Светското првенство.

Во првото коло селекцијата на Македонија ја совлада Бугарија со 4:1. Серијата погодоци ја отвори Иван Крстевски уште во втората минута, а веќе во осмата имавме водство од 2:0 откако во листата на стрелци се запиша Берат Рамадани.

Во 18. минута имавме можност да стигнеме и до поубедлива предност, но Тони Киревски не успеа да реализира пенал.

На почетокот од второто полувреме, Владимир Бахаров го постигна единствениот гол за Бугарија.

Во самиот финиш на натпреварот, избраниците на селекторот Газменд Хисејини на два пати ја затресоа мрежата на противникот за убедлива победа.

Во 38. минута, голманот Антонио Петровски зголеми на 3:1, а само педесетина секунди подоцна нов погодок за Рамадани за конечен триумф од 4:1.

Следен противник ни е репрезентацијата на Турција и доколку успееме да забележиме победа со сигурност освојуваме една од првите две позиции во групата кои водат во следната фаза од мундијалските квалификации.

Почетокот на натпреварот е закажан за денес во 15 часот и 30 минути.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Мурињо испрати јасна порака до ѕвездите на Реал Мадрид: Само грбот на клубот е недопирлив

Тренерот на Реал Мадрид, Жозе Мурињо, јасно стави до...

Хапоел има огромен буџет: Дури 70 милиони евра по сезона

Сопственикот на Хапоел Тел Авив, Офер Јанаи, откри дека...

📸 Најавена целосна реконструкција на спортската сала „Македонија“ во Прилеп

Спортската сала „Македонија“ во Прилеп ќе добие целосна реконструкција....

Тен Хаг: Се согласивме Мектомини да остане, а потоа го продадоа

Поранешниот менаџер на Манчестер Јунајтед, Ерик тен Хаг, го...