Ковач казнет од УЕФА поради одлуките на мечот Барселона – Атлетико

Романскиот судија Иштван Ковач е казнет од УЕФА поради лоши одлуки на натпреварот помеѓу Барселона и Атлетико Мадрид

Прегледи:

Датум:

Романскиот судија Иштван Ковач е казнет од УЕФА поради лоши одлуки на натпреварот помеѓу Барселона и Атлетико Мадрид.

По првиот натпревар од четвртфиналето на Лигата на шампионите, каталонскиот тим поднесе жалба против лошото судење на Иштван Ковач, кој го судеше големото финале минатата сезона.

Според „Мундо Депортива“, УЕФА не сметала дека најголемата грешка на Ковач е тоа што не досудил пенал за Барселона, туку дека не досудил пенал за гостите од Мадрид, кога Марк Пубил играл со рака.

Како и да е, Ковач најверојатно завршил со Лигата на шампионите за оваа сезона.

Сега е на европската куќа на фудбалот внимателно да размисли за делегирање на реваншот, кој е закажан за вторник во 21 часот на стадионот „Метрополитано“ во Мадрид, каде што Атлетико ќе го брани водството од 2-0.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Мурињо испрати јасна порака до ѕвездите на Реал Мадрид: Само грбот на клубот е недопирлив

Тренерот на Реал Мадрид, Жозе Мурињо, јасно стави до...

Хапоел има огромен буџет: Дури 70 милиони евра по сезона

Сопственикот на Хапоел Тел Авив, Офер Јанаи, откри дека...

📸 Најавена целосна реконструкција на спортската сала „Македонија“ во Прилеп

Спортската сала „Македонија“ во Прилеп ќе добие целосна реконструкција....

Тен Хаг: Се согласивме Мектомини да остане, а потоа го продадоа

Поранешниот менаџер на Манчестер Јунајтед, Ерик тен Хаг, го...