Геце останува во Ајнтрахт до 2028 година

Фудбалерот од средниот ред на Ајнтрахт Франкфурт, Марио Геце, го продолжи договорот со клубот

Прегледи:

Датум:

Фудбалерот од средниот ред на Ајнтрахт Франкфурт, Марио Геце, го продолжи договорот со клубот. Новиот договор на поранешниот германски репрезентативец е до 2028 година.

„Ајнтрахт ми значи многу. Тука сум речиси 4 години и се чувствувам одлично. Знам дека фудбалот е игра на среќа. Ова ме тера уште повеќе да го ценам секој момент на теренот. Радоста што ја чувствувам од играњето фудбал во Франкфурт ме убеди да потпишам повторно“, рече Геце.

Оваа сезона, 33-годишниот поранешен играч на Борусија Дортмунд и Баерн Минхен има 26 настапи во сите натпреварувања и има 2 асистенции.

На Геце му беше дадена и опција да ја продолжи кариерата во МЛС лигата, но тој одлучи да остане во Ајнтрахт.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Мурињо испрати јасна порака до ѕвездите на Реал Мадрид: Само грбот на клубот е недопирлив

Тренерот на Реал Мадрид, Жозе Мурињо, јасно стави до...

Хапоел има огромен буџет: Дури 70 милиони евра по сезона

Сопственикот на Хапоел Тел Авив, Офер Јанаи, откри дека...

📸 Најавена целосна реконструкција на спортската сала „Македонија“ во Прилеп

Спортската сала „Македонија“ во Прилеп ќе добие целосна реконструкција....

Тен Хаг: Се согласивме Мектомини да остане, а потоа го продадоа

Поранешниот менаџер на Манчестер Јунајтед, Ерик тен Хаг, го...