Манчестер Сити бара од Гвардиола да се изјасни дали ќе останува во тимот

Манчестер Сити официјално го замоли менаџерот Пеп Гвардиола да открие дали планира да остане на чело на „граѓаните“ до крајот на договорот

Прегледи:

Датум:

Манчестер Сити официјално го замоли менаџерот Пеп Гвардиола да открие дали планира да остане на чело на „граѓаните“ до крајот на договорот.

Според talkSPORT, луѓето од горните ешалони на клубот, предводени од спортскиот директор Уго Вијана, сè уште немаат јасни информации за намерите на Гвардиола. Се очекуваше каталонскиот стручњак да фрли светлина врз своите планови за време на репрезентативната пауза, но тоа не се случи.

Шефовите на Манчестер Сити сакаат што е можно поскоро да дознаат дали Гвардиола ќе продолжи да работи со тимот за да го испланира изборот на играчи.

Раководителите на клубот на „Етихад“ се подготвени за двете опции. Тие се надеваат дека Гвардиола ќе остане до крајот на договорот во 2027 година, но во оваа фаза не е сигурно дека тој размислува на ист начин.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Тен Хаг: Се согласивме Мектомини да остане, а потоа го продадоа

Поранешниот менаџер на Манчестер Јунајтед, Ерик тен Хаг, го...

Реал Мадрид бара пари од шест англиски гиганти за пропаднатата Суперлига

Реал Мадрид има намера да собере дел од трошоците...

Алегри разговарал со Де Лаурентис: Зборовите не значат ништо, ни требаат резултати

Тренерот на Наполи, Масимилијано Алегри, потврди дека разговарал со...

Фјури го пофали Дубоа па го предупреди Џошуа: Истото те очекува и на 11 декември

Тајсон Фјури ја искористи победата на Даниел Дубоа над...