Голем удар за Босна – напаѓач скрши нога пред Светското првенство!

Босна и Херцеговина доби лоши вести неколку недели пред Светското првенство... Харис Табаковиќ се повреди сериозно и нема да оди на Светското првенство

Прегледи:

Датум:

Босна и Херцеговина доби лоши вести неколку недели пред Светското првенство… Харис Табаковиќ се повреди сериозно и нема да оди на Светското првенство.

Како што дознава порталот Klix.ba, централниот напаѓач на Борусија Менхенгладбах претрпе скршеница на глуждот во последното коло од Бундеслигата.

Табаковиќ се судри со Озан Кабак од Хофенхајм и во таа прилика се повреди сериозно. Ногата му е во гипс, а ќе отсуствува околу три месеци.

Сепак, препораката на лекарот е да се оперира, а потоа закрепнувањето може да трае и до шест месеци.

Оваа вест е тежок удар за тренерот Сергеј Барбарез, особено имајќи ја предвид феноменалната форма во која Табаковиќ играше во текот на целата сезона за Борусија. Тој постигна 13 гола и додаде три асистенции.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

📽️ Детроит направи голем пресврт и го победи Бостон на стартот на НБА лигата

Детроит ја отвори новата сезона во НБА лигата на...

Јалчин е нов селектор на Турција

Серген Јалчин е нов селектор на турската фудбалска репрезентација,...

Фабрегас ги отфрли шпекулациите за нов тренер на Манчестер Јунајтед

Тренерот Сеск Фабрегас не сакаше да зборува за можноста...

🎥 Спектакл со шест гола во Париз: ПСЖ ја победи Барселона во неверојатен финиш

ПСЖ ја победи Барселона со 4-2 во дербито од...