Горецка го напушти Баерн по осум години и замина во Англија

Германскиот играч за врска Леон Горецка (31) стана слободен агент ова лето по завршувањето на неговиот договор со Баерн Минхен, чиј дрес го носеше последните осум години.

Прегледи:

Датум:

Германскиот играч за врска Леон Горецка (31) стана слободен агент ова лето по завршувањето на неговиот договор со Баерн Минхен, чиј дрес го носеше последните осум години.

Горецка не успеа да најде заеднички јазик со раководството на Баерн и го напушти клубот, а денес Фабрицио Романо објави дека ќе ја продолжи кариерата во Англија.

Како што потврди Романо, Горецка наскоро ќе потпише договор со тимот на Астон Вила, кој ова лето загуби неколку од своите најдобри играчи, како што се Јури Тилеманс и Морган Роџерс, додека Оли Воткинс и Емилијано Мартинез исто така се на пат да си заминат.

Затоа, Горецка треба да биде големо засилување за тимот од Бирмингем, а особено е добро за нив што тој пристигнува на слободен трансфер.

Горецка ја помина целата своја кариера во Германија, каде што започна во Бохум, а потоа се пресели во Шалке во 2013 година кога имаше 18 години, а Баерн го донесе во 2018 година токму како што сега го губат – бесплатно.

Тој го носеше дресот на Баварците 312 пати, постигна 51 гол и регистрираше 53 асистенции, а е и редовен играч на германската репрезентација со 73 настапи и 15 голови за „панцирите“.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Рилски посегна по најдобриот адут на ТФТ: Секу Сила заминува од Тафталиџе

ТФТ ќе мора да бара ново решение под кошевите....

Лазаров останува во Европа: Алкалоид загуби во Велење, но го исполни планот

Алкалоид ќе игра во осминафиналето на ЕХФ Европскиот куп,...

🎥 Рома не се предава, Мален и Суле ја доближија „волчицата“ до Лацио

Римските клубови продолжуваат да го диктираат темпото во Серија...

🎬 Реал загуби, Барса казни: пет гола на „Риазор“ за цврсто лидерско место

Барселона ја искористи шансата што ѝ се отвори по...