Гвардиола: Резултатот не е реален

Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, изјави дека неговиот тим не заслужил толку лошо да загуби од Реал Мадрид во осминафиналето на Лигата на шампионите

Прегледи:

Датум:

Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, изјави дека неговиот тим не заслужил толку лошо да загуби од Реал Мадрид во осминафиналето на Лигата на шампионите. „Граѓаните“ загубија со 0:3 на „Сантијаго Бернабеу“ по „хет-трикот“ на Федерико Валверде пред полувремето, а во второто полувреме Винисиус Жуниор промаши пенал.

„Резултатот е катастрофален, но сепак има уште 90 минути. Во првото полувреме противникот три пати стигна до голот и постигна три гола благодарение на својата класа. Реал секогаш контранапаѓа опасно“, коментираше Гвардиола.

„Ни недостасуваше последното додавање. Домашната екипа се бранеше многу организирано. Резултатот е непријатен. Сега треба да се одмориме. Нашата игра не беше толку лоша како што покажува резултатот. Ќе се обидеме да создадеме добра динамика во реваншот“, продолжи Пеп.

„Валверде е фантастичен играч кој може да игра на многу позиции. Тој постигна мајсторски голови“, додаде тренерот на англискиот тим.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Мурињо испрати јасна порака до ѕвездите на Реал Мадрид: Само грбот на клубот е недопирлив

Тренерот на Реал Мадрид, Жозе Мурињо, јасно стави до...

Хапоел има огромен буџет: Дури 70 милиони евра по сезона

Сопственикот на Хапоел Тел Авив, Офер Јанаи, откри дека...

📸 Најавена целосна реконструкција на спортската сала „Македонија“ во Прилеп

Спортската сала „Македонија“ во Прилеп ќе добие целосна реконструкција....

Тен Хаг: Се согласивме Мектомини да остане, а потоа го продадоа

Поранешниот менаџер на Манчестер Јунајтед, Ерик тен Хаг, го...