Гвардиола со необична одлука пред реваншот со Реал

Гвардиола денес ги изненади своите играчи кога им рече дека немаат причина да доаѓаат на тренинг и дека е подобро да уживаат со семејството и пријателите пред утрешниот реванш од осминафиналето на Лигата на шампионите со Реал

Прегледи:

Датум:

Тренерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола денес ги изненади своите играчи кога им рече дека немаат причина да доаѓаат на тренинг и дека е подобро да уживаат со семејството и пријателите пред утрешниот реванш од осминафиналето на Лигата на шампионите со Реал.

Имено, тимот вчера, по враќањето во Манчестер, направи тренинг за регенерација по дуелот со Вест Хем во кој испуштија два бода во трката за титулата во англискиот шампионат со Арсенал.

По два последователни разочарувачки резултати, Гвардиола процени дека најдобрата подготовка за реваншот е слободен ден.

„Граѓаните“ утре ќе имаат краток состанок и од во 21:00 часот че одат на сè или ништо во новото „класико“ на модерниот европски фудбал.

Да се ​​потсетиме дека Реал го победи Сити со 3-0 во првиот натпревар минатата недела во натпревар во кој брилијантниот Федерико Валверде постигна „хет-трик“.

Останува да се види дали на фудбалерите навистина им е потребен слободен ден еден ден пред натпреварот на кој треба да надоместат негатива од три гола.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Мурињо испрати јасна порака до ѕвездите на Реал Мадрид: Само грбот на клубот е недопирлив

Тренерот на Реал Мадрид, Жозе Мурињо, јасно стави до...

Хапоел има огромен буџет: Дури 70 милиони евра по сезона

Сопственикот на Хапоел Тел Авив, Офер Јанаи, откри дека...

📸 Најавена целосна реконструкција на спортската сала „Македонија“ во Прилеп

Спортската сала „Македонија“ во Прилеп ќе добие целосна реконструкција....

Тен Хаг: Се согласивме Мектомини да остане, а потоа го продадоа

Поранешниот менаџер на Манчестер Јунајтед, Ерик тен Хаг, го...