Хакими нема да биде подготвен за финалето на Лигата на шампионите

Фудбалерот на Пари Сен Жермен, Ашраф Хакими, нема да биде подготвен за финалето на Лигата на шампионите, објави реномираниот француски спортски весник „Екип“

Прегледи:

Датум:

Фудбалерот на Пари Сен Жермен, Ашраф Хакими, нема да биде подготвен за финалето на Лигата на шампионите, објави реномираниот француски спортски весник „Екип“.

Хакими (27) го повреди бутниот мускул на десната нога во првиот натпревар од полуфиналето на Лигата на шампионите против Баерн на 28 април и оттогаш не тренирал.

Според „Екип“, Мароканецот нема да биде подготвен за финалето на Лигата на шампионите, но ќе се опорави на време за да игра за Мароко на Светското првенство.

Финалето на Лигата на шампионите помеѓу Арсенал и Пари Сен Жермен ќе се игра на 30 мај во 18 часот во Будимпешта.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

📽️ Детроит направи голем пресврт и го победи Бостон на стартот на НБА лигата

Детроит ја отвори новата сезона во НБА лигата на...

Јалчин е нов селектор на Турција

Серген Јалчин е нов селектор на турската фудбалска репрезентација,...

Фабрегас ги отфрли шпекулациите за нов тренер на Манчестер Јунајтед

Тренерот Сеск Фабрегас не сакаше да зборува за можноста...

🎥 Спектакл со шест гола во Париз: ПСЖ ја победи Барселона во неверојатен финиш

ПСЖ ја победи Барселона со 4-2 во дербито од...