Верстапен: Ред Бул не ме послушаа за поставките

Поранешниот светски шампион во Формула 1, Макс Верстапен, откри дека инженерите на Ред Бул не го послушале за поставките за вчерашните квалификации за Големата награда на Канада

Прегледи:

Датум:

Поранешниот светски шампион во Формула 1, Макс Верстапен, откри дека инженерите на Ред Бул не го послушале за поставките за вчерашните квалификации за Големата награда на Канада. Сепак, Макс одлучил да соработува со тимот, само за да им покаже дека грешат.

Верстапен вчера заврши на 6-то место во квалификациите и никогаш не беше во битката за првите два реда против возачите на Мерцедес, Мекларен и Ферари.

Макс неколку пати се пожали на радио дека не можел правилно да ги загрее гумите, како и дека немал доволно максимална брзина на правците.

„Тешко ми е да разберам многу работи од оваа квалификациска сесија“, призна Верстапен потоа. „На пример, немам поим од каде доаѓа овој настап во мојот последен круг. За време на сесијата имав мала максимална брзина и едноставно немав „грип“.

Направивме некои промени во автомобилот, промените што ги сакаше тимот. Јасно е дека не функционираше онака како што требаше. Но, понекогаш мора да го оставите тимот да прави што сака, за да биде јасно дека не функционира. Им реков: „Ајде, ако мислите дека ова ќе функционира, ајде да го направиме то. И јасно е дека не функционираше. Не ме послушаа, но мораше да се обидеме.“

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

📽️ Детроит направи голем пресврт и го победи Бостон на стартот на НБА лигата

Детроит ја отвори новата сезона во НБА лигата на...

Јалчин е нов селектор на Турција

Серген Јалчин е нов селектор на турската фудбалска репрезентација,...

Фабрегас ги отфрли шпекулациите за нов тренер на Манчестер Јунајтед

Тренерот Сеск Фабрегас не сакаше да зборува за можноста...

🎥 Спектакл со шест гола во Париз: ПСЖ ја победи Барселона во неверојатен финиш

ПСЖ ја победи Барселона со 4-2 во дербито од...