„Камп Ноу“ фаворит за финалето на Лигата на шампионите во 2029 година

УЕФА ќе одлучи овој септември каде ќе се одржи финалето на Лигата на шампионите во 2029 година, а „Камп Ноу“ моментално е главен фаворит. Лондонски „Вембли“ и мадридски „Метрополитано“, исто така, се во игра.

Прегледи:

Датум:

УЕФА ќе одлучи овој септември каде ќе се одржи финалето на Лигата на шампионите во 2029 година, а „Камп Ноу“ моментално е главен фаворит. Лондонски „Вембли“ и мадридски „Метрополитано“, исто така, се во игра.

Еден од најголемите адути на стадионот на Барселона е неговиот капацитет од 105.000 гледачи, но и атрактивноста на градот, кој привлекува голем број туристи и фудбалски фанови секоја година.

„Камп Ноу“ долго време не бил домаќин на финалето на елитното европско натпреварување. Последен пат ова се случи во 1999 година, кога Манчестер Јунајтед го победи Баерн во спектакуларен камбек.

„Вембли“ беше домаќин на финалето во 2024 година, додека „Метрополитано“ веќе ја доби организацијата на финалето за сезоната 2026/27. Затоа УЕФА наводно сака да ѝ даде предност на Барселона.

Конечната одлука ќе биде позната во септември, а доколку „Камп Ноу“ ги добие правата за домаќинство, Барселона повторно ќе биде домаќин на финалето на Лигата на шампионите по речиси три децении.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Дортмунд го продолжи договорот со Ковач до 2029 година

Борусија Дортмунд го продолжи договорот со тренерот Нико Ковач...

Јувентус не се откажува: Случајот против Роналдо оди на Врховен суд

Правниот спор меѓу Јувентус и Кристијано Роналдо за неисплатените...

Пет години саудиски Њукасл: 1,3 милијарди евра во потписи, милиони загуби и стадион продаден сам на себе

Поминаа пет години откако Саудијците го купија Њукасл. Во...

НАСКАР ќе состави 80 тркачки автомобили за продолжение на култен филм

Извршниот директор на НАСКАР, Стив О'Донел, откри големи планови...