Касемиро блиску до потпис за клубот на Бекам

Заминувањето на Касемиро од Манчестер Јунајтед се ближи

Прегледи:

Датум:

Заминувањето на Касемиро од Манчестер Јунајтед се ближи. Странските медиуми пишуваат дека бразилскиот фудбалер е блиску до преселба во САД и потпишување за Интер Мајами.

Клубот од „Олд Трафорд“ не му понудил на искусниот играч за врска нов договор, па затоа тој ќе може слободно да избере нов клуб ова лето.

Неколку клубови покажаа интерес за Касемиро, а Интер Мајами е најконкурентен.

Планот на клубот од Мајами е да го доведе искусниот ас без обештетување и да му понуди договор што би важел до декември 2028 година. Ова би го направило Касемиро уште едно големо име во проектот на Дејвид Бекам, кој во последните години ги собра ветераните на светскиот фудбал предводени од Лионел Меси и ја зголемува популарноста на МЛС лигата.

Бразилецот моментално разгледува понуди, иако се чини дека е блиску до заминување во Мајами.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Мурињо испрати јасна порака до ѕвездите на Реал Мадрид: Само грбот на клубот е недопирлив

Тренерот на Реал Мадрид, Жозе Мурињо, јасно стави до...

Хапоел има огромен буџет: Дури 70 милиони евра по сезона

Сопственикот на Хапоел Тел Авив, Офер Јанаи, откри дека...

📸 Најавена целосна реконструкција на спортската сала „Македонија“ во Прилеп

Спортската сала „Македонија“ во Прилеп ќе добие целосна реконструкција....

Тен Хаг: Се согласивме Мектомини да остане, а потоа го продадоа

Поранешниот менаџер на Манчестер Јунајтед, Ерик тен Хаг, го...