Комо во Неапол го забележа својот прв триумф во сезоната

Комо ги потврди своите големи амбиции со победа од 2-1 на гости против Наполи. Ова беше и прва победа на Комо во Неапол, во италијанската елита.

Прегледи:

Датум:

Комо ги потврди своите големи амбиции со победа од 2-1 на гости против Наполи. Ова беше и прва победа на Комо во Неапол, во италијанската елита.

Сите три гола беа видени во првото полувреме. Гостите поведоа преку Батурина, а Хојлунд израмни на 1-1 по половина час игра. Сепак, само четири минути подоцна, Комо повторно поведе. Овој пат стрелец беше фантастичниот Дувикас.

Тоa се покажа како конечен резултат, иако двете страни имаа шанси до крајот.

Домаќините најблиску до бод беа во судиското продолжение, кога Лоботка ја затресе мрежата, но неговиот гол беше поништен поради офсајд.

Комо има четири бода по две кола, Наполи остана на три.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Прв отказ сезонава во Евролигата

Веќе го имаме првиот отказ на тренер во тим...

📽️ Мурињо збуни новинар пред натпреварот со Рома

Тренерот на Реал Мадрид, Жозе Мурињо, одби да објасни...

Арбелоа казнет со 25.000 фунти за критикување на судиите

Менаџерот на Фулам, Алваро Арбелоа, е казнет со 25.000...

Шокантен пораз за Сабаленкa во 2. коло на турнирот во Вухан

Арина Сабаленко претрпе шокантен пораз во второто коло на...