Компани: Нојер е аут, вештачкиот терен на Викинг не е проблем за нас

Тренерот на Баерн Минхен, Винсент Компани, откри дека голманот Мануел Нојер ќе го пропушти вечерашното гостување во Лигата на шампионите кај норвешки Викинг

Прегледи:

Датум:

Тренерот на Баерн Минхен, Винсент Компани, откри дека голманот Мануел Нојер ќе го пропушти вечерашното гостување во Лигата на шампионите кај норвешки Викинг. Баварците ја започнаа својата кампања во турнирот на богатите со убедлива победа од 5-0 над другиот норвешки тим во натпреварувањето – Бодо/Глимт.

Отсуството на ветеранот доаѓа само три дена откако 40-годишниот голман направи две грешки во ремито 2-2 со Аугсбург во Бундеслигата. Компани, сепак, инсистираше дека отсуството на Нојер е превентивна мерка поради мал проблем со стапалото, а Јонас Урбиг ќе го заземе неговото место за неговиот трет старт во сезоната.

„Мануел не можеше да тренира денес (вчера – н.з.). Почувствува нешто во ногата. Тоа брзо одговара на прашањето кој ќе биде на голот. По натпреварот со Аугсбург разбравме дека чувствувал непријатност. Никогаш не знаете колку време ќе трае, но со оглед на тоа што не можеше да тренира последните два дена, нема смисла да се преземаат непотребни ризици.

Не сакам да го наречам повреда, но кога ќе почувствувате нешто, а состојбата не се подобрува… Во еден момент сфаќате дека нешто мора да се направи, и ние ќе го направиме тоа, без да преземаме никакви ризици ако тој не се чувствува 100% подготвен“, рече Винсент Компани.

Јутјуб/Принтскрин/FC Bayern München

Урбиг (23) се приклучи на Баерн од Келн минатата година и е посочен како можен наследник на Нојер откако неодамна го имаше своето деби за германската фудбалска репрезентација во победата од 2-0 над Србија.

„Почнавме да работиме со Јонас кога пристигна од Келн. Се движиме според планот. Тој ги добива минутите за играње што сакавме да му ги дадеме за неговиот развој. И секоја минута е корисна за неговиот раст“, ​​додаде Компани.

Винсен Компани не е загрижен за можноста да игра на вештачка трева во Ставангер.

„Како тренер, пристапувам кон тренингот на вообичаен начин. Интересно е што како фудбалер требаше да одиграм еден од моите последни натпревари на вештачка трева, но потоа дојде Ковид и влеговме во карантин три или четири месеци. После тоа, ја завршив кариерата, па никогаш не стапнав на вештачки терен како играч.

Сосема е разбирливо што се покренува темата, но за нас ова не е ништо необично. Да бев на местото на противникот, би бил среќен што сите зборуваат само за вештачката трева. Но, ние нема да им ја направиме оваа услуга. Една од причините зошто долетавме овде беше токму можноста да играме на овој терен однапред. Сепак, ова нема да биде проблем“, увери тренерот на германскиот гигант, кој сè уште не може да се потпре на Џамал ​​Мусијала поради повреда на бутот.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

🎥 Долг е патот од Маниса и Шјауљај: Бек на Сан Антонио со прв кош во НБА на 30 години

Додека многу кошаркари на 30 години веќе имаат богато...

Џерард бара строга казна за Сити: Нека страдаат како што нè натераа сите нас да страдаме!

Легендата на Ливерпул, Стивен Џерард, побара строги санкции против...

Карик има рецепт за надминување на кризата во Манчестер Јунајтед

Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Мајкл Карик, е свесен дека...

Поро подготвен да го напушти Тотенхем, Реал и Барса го чекаат со отворени раце

Педро Поро (27) сака да го напушти Тотенхем и...