Конате се борел со депресија: „Навивачите не разбираат затоа што заработуваме многу пари“

Францускиот централен дефанзивец Ибрахима Конате изјави дека се борел со депресија по смртта на соиграчот од Ливерпул, Диого Жота, и неговиот татко

Прегледи:

Датум:

Францускиот централен дефанзивец Ибрахима Конате изјави дека се борел со депресија по смртта на соиграчот од Ливерпул, Диого Жота, и неговиот татко.

Португалскиот напаѓач Жота загина во сообраќајна несреќа во јули минатата година, додека таткото на Конате, Хамади, почина во јануари по долго боледување.

„Во фудбалот може да страдате од депресија, не мора да се срамите од тоа. Честопати сум слушал од играчи дека страдаат од депресија, но навивачите и луѓето надвор од нашиот круг не разбираат затоа што заработуваме многу пари“, рече Конате.

Францускиот репрезентативец, кој има 27 настапи за клубот, изјави дека смртта на Жота го погодила силно.

„Ме уништи, во тој момент не ме интересираше ништо. Сепак, мора да се вратиш во фудбалот бидејќи немаш избор. Ние сме вработени во клубот, тие ни плаќаат секој месец и имаме обврски. Немаше избор, мора да се вратиш на теренот, играш за себе, но и за него и неговото семејство. Не можеш да го преболиш тоа, но мора да научиш да живееш со тоа“, рече Конате.

Патем, Французинот ќе го напушти Ливерпул ова лето, кога ќе му истече договорот. Следна дестинација, според шпанските медиуми, е Реал Мадрид.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Мурињо испрати јасна порака до ѕвездите на Реал Мадрид: Само грбот на клубот е недопирлив

Тренерот на Реал Мадрид, Жозе Мурињо, јасно стави до...

Хапоел има огромен буџет: Дури 70 милиони евра по сезона

Сопственикот на Хапоел Тел Авив, Офер Јанаи, откри дека...

📸 Најавена целосна реконструкција на спортската сала „Македонија“ во Прилеп

Спортската сала „Македонија“ во Прилеп ќе добие целосна реконструкција....

Тен Хаг: Се согласивме Мектомини да остане, а потоа го продадоа

Поранешниот менаџер на Манчестер Јунајтед, Ерик тен Хаг, го...