Пет играчи на Сити на излезна врата

Иако тимот на Манчестер Сити доживеа генерациска смена во последните неколку години, заминувањето на Пеп Гвардиола од менаџерската позиција ќе предизвика дополнителни големи промени

Прегледи:

Датум:

Иако тимот на Манчестер Сити доживеа генерациска смена во последните неколку години, заминувањето на Пеп Гвардиола од менаџерската позиција ќе предизвика дополнителни големи промени.

Има најави дека Гвардиола ќе ја напушти клупата на „граѓаните“ на крајот од сезоната, а пет фудбалери ќе го напуштат тимот со него, според „Трансфермаркт“.

Хрватскиот репрезентативец Јошко Гвардиол е исто така на излез, по долг период на закрепнување од повреда, по што неодамна се врати на теренот.

Гвардиол веќе се поврзува со Реал Мадрид и се поизвесно е дека ќе ја продолжи кариерата таму, а пред да го напушти „Етихад“ се и Тијани Рејндерс, Омар Мармуш, Фил Фоден и Џејмс Трафорд.

Рајндерс во моментов е најблиску до Јувентус, Мармуш до Барселона, а Баерн Минхен е заинтересиран за Фоден.

Најмалку важно заминување би било она од Трафорд, бидејќи станува збор за резервен голман, а тој е цел на Брајтон.

За потсетување, Сити веќе постигна договор со Енцо Марескa да стане наследник на Гвардиола, а тоа очигледно ќе донесе огромни промени во овој клуб кој доминираше во англискиот фудбал во последните петнаесет години.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Мурињо испрати јасна порака до ѕвездите на Реал Мадрид: Само грбот на клубот е недопирлив

Тренерот на Реал Мадрид, Жозе Мурињо, јасно стави до...

Хапоел има огромен буџет: Дури 70 милиони евра по сезона

Сопственикот на Хапоел Тел Авив, Офер Јанаи, откри дека...

📸 Најавена целосна реконструкција на спортската сала „Македонија“ во Прилеп

Спортската сала „Македонија“ во Прилеп ќе добие целосна реконструкција....

Тен Хаг: Се согласивме Мектомини да остане, а потоа го продадоа

Поранешниот менаџер на Манчестер Јунајтед, Ерик тен Хаг, го...