Македонија ЃП убедлива против Шкупи, Шкендија повторно не победи

Фудбалерите на Македонија ЃП го совладаа Шкупи со 4:0 и ја забележаа втората последователна победа во завршницата од шампионатот.

Прегледи:

Датум:

Фудбалерите на Македонија ЃП го совладаа Шкупи со 4:0 и ја забележаа втората последователна победа во завршницата од шампионатот.

Избраниците на тренерот Боби Божиновски на овој меч иако играа на домашен терен, номинално имаа статус на гости.

Сосема очекувано Македонија ЃП забележа убедлива победа сепак на моменти младиот тим на Шкупи се обидуваше да го загрози голот на противникот.

Со овие три бода Македонија ЃП за момент се искачи на 10. местото со два бода предност во однос на Работнички, кој в сабота на домашен терен ќе се соочи со Пелистер во директен дуел кој решава за опстанок во елитното фудбалско друштво.

Шкендија загуби уште два бода во битката за титулата во ПМФЛ. Денеска во Кратово, Силекс и тимот од Тетово одиграа нерешено 1-1. Шкендија ги исупушти трите бода во претпоследната минута од регуларниот дел, кога кратовскиот тим успеа да израмни.

По овој исход, првопласираниот Вардар има шанса утре да ја зголеми разликата на шест бодови ако го совлада Башкими во Гостивар.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Мурињо испрати јасна порака до ѕвездите на Реал Мадрид: Само грбот на клубот е недопирлив

Тренерот на Реал Мадрид, Жозе Мурињо, јасно стави до...

Хапоел има огромен буџет: Дури 70 милиони евра по сезона

Сопственикот на Хапоел Тел Авив, Офер Јанаи, откри дека...

📸 Најавена целосна реконструкција на спортската сала „Македонија“ во Прилеп

Спортската сала „Македонија“ во Прилеп ќе добие целосна реконструкција....

Тен Хаг: Се согласивме Мектомини да остане, а потоа го продадоа

Поранешниот менаџер на Манчестер Јунајтед, Ерик тен Хаг, го...