Хау е воодушевен од поддршката по средбата со сопствениците

Менаџерот на Њукасл, Еди Хау, изјави дека е воодушевен од поддршката што ја почувствувал по средбата со сопствениците на клубот. Тој рече дека претстојат „возбудливи времиња“, но знае дека резултатите се важни и дека не биле доволно добри оваа сезона

Прегледи:

Датум:

Менаџерот на Њукасл, Еди Хау, изјави дека е воодушевен од поддршката што ја почувствувал по средбата со сопствениците на клубот. Тој рече дека претстојат „возбудливи времиња“, но знае дека резултатите се важни и дека не биле доволно добри оваа сезона.

„Овој состанок беше можност да видам многу луѓе што не сум ги видел подолго време. Очигледно, сопствениците и претставниците на ПИФ беа тука и тоа беше конструктивен, добар состанок, а јас бев мал дел од него. Секогаш е конструктивен бидејќи мислам дека тие очигледно се заинтересирани за фудбалскиот клуб, со долгорочното планирање што се случува. Клубот го очекуваат многу возбудливи времиња, без оглед на тоа што ќе се случи на краток рок.

Задоволен сум од нивото на поддршка што ми беше дадена, но секако е јасно како функционира фудбалот и знам дека мора да постигнеме резултати. Тоа никогаш нема да се промени.

Желбата е иста – да се обидеме да стигнеме до врвот на Премиер лигата, да се обидеме да освоиме што е можно повеќе трофеи. Не мислам дека тоа ќе се промени сè додека ПИФ се наши сопственици.

Чувствувам дека има единство во фудбалскиот клуб. Но, на мојата позиција немам никакви илузии – морам да постигнам резултати за да го задржам тоа чувство и таа доверба. Тоа е одговорност. Тоа доаѓа со работата“, рече Хау.

„Ентони Гордон учествуваше на тренинг во среда и беше одлично да го видиме на теренот. Ќе ја процениме неговата физичка подготвеност како што се приближуваме до натпреварот (Њукасл е домаќин на Брајтон утре – н.з.). Ќе видиме како ќе се покаже денес“, додаде Англичанецот.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Атлетико прифатил понуда од Арсенал за својата аргентинска ѕвезда?

Хулијан Алварез се најде во центарот на трансфер сагата...

Џошуа планира да остане во рингот уште 3 години

Ентони Џошуа, 36, би можел да биде во рингот...

Семејството Митал ја поддржува понудата за Ливерпул што може да доведе до голема промена

Инвестициска група предводена од Амит Батија (зет на челичниот...

Блатер повторно го нападна Инфантино: Да го вратиме фудбалот на ново водство

Поранешниот претседател на ФИФА, Сеп Блатер, го повтори својот...