Мане откако беше одземен трофејот на Сенегал: Има премногу корупција во африканскиот фудбал

Одлуката на Африканската фудбалска конфедерација да му ја додели титулата на Африканскиот куп на нации на Мароко предизвика вистинска возбуда во фудбалскиот свет, а на неа реагираше најдобриот фудбалер на оштетениот Сенегал, Садио Мане

Прегледи:

Датум:

Одлуката на Африканската фудбалска конфедерација да му ја додели титулата на Африканскиот куп на нации на Мароко предизвика вистинска возбуда во фудбалскиот свет, а на неа реагираше најдобриот фудбалер на оштетениот Сенегал, Садио Мане.

Да потсетиме, Сенегал го победи Мароко во финалето пред два месеци по контроверзен натпревар, но африканската фудбалска организација сега му додели победа на Мароко на зелената маса со резултат 3:0.

Видливо лутиот Мане рече дека оваа одлука ги надминала сите граници.

„Ова навистина ги надмина сите граници. Ова не е фудбалот за кој се бориме, ниту Африка во која веруваме“, рече Мане, предупредувајќи на широко распространета корупција: „Има премногу корупција во нашиот фудбал и таа ја задушува страста на милиони фанови низ целиот континент. Играчите даваат се од себе на теренот, но одлуките надвор од него решаваат натпревари и трофеи.“

„Длабоко сум разочаран, не само за Сенегал, туку и за африканскиот фудбал како целина. Заслужуваме подобро. Навивачите заслужуваат чесност, транспарентност и почит“, заклучи сенегалскиот фудбалер кој одигра 126 натпревари за репрезентацијата.

Сенегалската федерација веќе објави соопштение во кое најави дека ќе протестира против оваа одлука и ќе ги преземе потребните правни чекори. Имајќи го тоа предвид, се чини дека прашањето за африканските шампиони ќе биде решено во Арбитражниот суд за спорт во Лозана, Швајцарија, 1.800 километри оддалечен од Рабат, Мароко, каде што се одржа контроверзното финале пред точно два месеци.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Мурињо испрати јасна порака до ѕвездите на Реал Мадрид: Само грбот на клубот е недопирлив

Тренерот на Реал Мадрид, Жозе Мурињо, јасно стави до...

Хапоел има огромен буџет: Дури 70 милиони евра по сезона

Сопственикот на Хапоел Тел Авив, Офер Јанаи, откри дека...

📸 Најавена целосна реконструкција на спортската сала „Македонија“ во Прилеп

Спортската сала „Македонија“ во Прилеп ќе добие целосна реконструкција....

Тен Хаг: Се согласивме Мектомини да остане, а потоа го продадоа

Поранешниот менаџер на Манчестер Јунајтед, Ерик тен Хаг, го...