Мбапе, Белингам и Карерас во составот на Реал Мадрид за реваншот со Манчестер Сити

Прегледи:

Датум:

Килијан Мбапе, Џуд Белингам и Алваро Карерас се вклучени во составот на Реал Мадрид за утрешниот натпревар на гости против Манчестер Сити во реваншот од осминафиналето на Лигата на шампионите.

Тројцата го пропуштија натпреварот на „Сантијаго Бернабеу“, но „белите“ сепак успеаја да забележат импресивна победа од 3-0.

Мбапе ги пропушти последните пет натпревари на Реал, додека Белингам не беше достапен во претходните девет. Последниот натпревар на англискиот репрезентативец беше против Рајо Ваљекано.

Повредата на Карерас беше помалку сериозна и поради тоа ги пропушти само натпреварите против Манчестер Сити и Елче. Претходно беше суспендиран за натпреварот со Селта.

Давид Алаба е исто така во групата, како и 19-годишните Марио Ривас и Хорхе Сестеро.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Тен Хаг: Се согласивме Мектомини да остане, а потоа го продадоа

Поранешниот менаџер на Манчестер Јунајтед, Ерик тен Хаг, го...

Реал Мадрид бара пари од шест англиски гиганти за пропаднатата Суперлига

Реал Мадрид има намера да собере дел од трошоците...

Алегри разговарал со Де Лаурентис: Зборовите не значат ништо, ни требаат резултати

Тренерот на Наполи, Масимилијано Алегри, потврди дека разговарал со...

Фјури го пофали Дубоа па го предупреди Џошуа: Истото те очекува и на 11 декември

Тајсон Фјури ја искористи победата на Даниел Дубоа над...