Меморијалниот центар Сребреница (МЦС) побара од УЕФА трајна дисквалификација на Фудбалскиот клуб Црвена Звезда од натпреварувањата на УЕФА поради величење на хашкиот осуденик и воен командант на Војската на Република Српска Ратко Младиќ за време и по вчерашниот натпревар во Чешка против ФК Викторија Плзењ.
МЦС испрати до УЕФА официјален извештај против Црвена Звезда за величење на Ратко Младиќ за време на натпреварот од Лигата на Европа против Викторија Плзењ, како и за последователното објавување и промоција на фотографии со контроверзни пораки преку официјалните канали на клубот на социјалните мрежи, објавија сараевските медиуми.
— FK Crvena zvezda (@crvenazvezdafk) August 27, 2026
-Клубот, кој свесно ги користи своите официјални комуникациски канали за ширење пораки што го величат човекот кој е правно осуден за геноцид, не може да го сведе таквото однесување на однесувањето на навивачите. Ова повеќе не е само прашање на ставот, туку на институционалниот став на клубот кон вредностите врз кои УЕФА го темели европскиот фудбал, стои во барањето.
За време на натпреварот, кој се одигра вчера во Чешка, навивачите на белградскиот клуб држеа транспаренти на кои пишуваше: Генерале, голема слава и благодарност, скандирајќи го името на Ратко Младиќ, а МЦС оцени дека овој случај не може да се гледа исклучиво како однесување на навивачите.
Crvena Zvezda fans chant the name of General Ratko Mladić in the match against Viktoria Plzen. #EuropaLeague pic.twitter.com/zWaImWAZOX
— Based Serbia (@SerbiaBased) August 27, 2026
Тие изјавија дека по натпреварот ФК Црвена Звезда објави фотографии на своите официјални профили на социјалните мрежи на кои спорните транспаренти се јасно и доминантно видливи, со што, се проценува, клубот дополнително ја проширил пораката преку сопствени институционални комуникациски канали.
-Наместо да се дистанцира од ваквите пораки, клубот ги направи дел од својата официјална комуникација по натпреварот, се вели во меморандумот од МЦС до УЕФА.
Во барањето беше наведено дека таквото однесување е основа за примена на одредбите од Дисциплинската регулатива на УЕФА, кои се однесуваат на дискриминаторско однесување, навредување на човечкото достоинство, политички и идеолошки пораки несоодветни за спортски настани, како и однесување што го нарушува фудбалот и УЕФА.
Меморијалниот центар потсети дека веќе постои дисциплински преседан кој конкретно се однесува на ФК Црвена Звезда и глорификацијата на Ратко Младиќ, наведувајќи дека во претходна постапка, УЕФА заклучила дека глорификацијата на Младиќ не претставува само поддршка за поединец, туку порака што ги навредува жртвите на етничка и верска основа.
МЦС побара од УЕФА итно да отвори дисциплинска постапка, да го разгледа однесувањето на навивачите и постапките на клубот како една целина и да го третира објавувањето на спорните фотографии преку официјалните канали на ФК Црвена Звезда како особено отежнувачка околност.


