Милан ги одбива Арапите и Англичаните со богата понуда: Леао добива нов договор

Рафаел Леао ќе добие нов договор во Милан, достоен за најдобрите фудбалери во Серија А. Раководството на клубот има намера да го задржи, со богата понуда, до 2030 година

Прегледи:

Датум:

Рафаел Леао ќе добие нов договор во Милан, достоен за најдобрите фудбалери во Серија А. Раководството на клубот има намера да го задржи, со богата понуда, до 2030 година.

Португалскиот фудбалер е врзан за Милан до јуни 2028 година, а на „Сан Сиро“ се подготвени да му понудат нов договор за уште две сезони.

Според „Газета дело Спорт“, раководството на клубот подготвило договор од прва класа – со цел да ја обесхрабри конкуренцијата од Саудиска Арабија и Премиер лигата.

Со оглед на тоа што Леао го носи дресот на „росонерите“ седум години, тој има подготвена понуда што ја добиваат само најдобрите во Серија А.

Иако не е наведено колку пари би можел да добие сега, италијанските медиуми пишуваат дека основната цена би можела да биде помеѓу седум и девет милиони евра.

Кога дојде од Лил во 2019 година, потпиша петгодишен договор, а неговата плата првично беше 1.500.000 евра. Сепак, во летото 2023 година беше потпишано првото продолжување, кое му донесе речиси четири пати поголем приход, во износ од 5.500.000 евра, вклучувајќи и бонуси.

За потсетување, Милан моментално е втор на табелата, десет бода зад Интер, а враќањето во Лигата на шампионите по ужасната минатата сезона значително би ги зголемило влоговите.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Мурињо испрати јасна порака до ѕвездите на Реал Мадрид: Само грбот на клубот е недопирлив

Тренерот на Реал Мадрид, Жозе Мурињо, јасно стави до...

Хапоел има огромен буџет: Дури 70 милиони евра по сезона

Сопственикот на Хапоел Тел Авив, Офер Јанаи, откри дека...

📸 Најавена целосна реконструкција на спортската сала „Македонија“ во Прилеп

Спортската сала „Македонија“ во Прилеп ќе добие целосна реконструкција....

Тен Хаг: Се согласивме Мектомини да остане, а потоа го продадоа

Поранешниот менаџер на Манчестер Јунајтед, Ерик тен Хаг, го...