Македонија домаќин на светското младинско ракометно првенство во 2027 година

Македонија и градот Скопје ќе бидат домаќини на големо светско ракометно натпреварување. На Ракометната федерација на Македонија ѝ е доверена организацијата на IHF Men’s Junior (U21) World Championship, кое ќе се одржи во периодот 23 јуни – 4 јули 2027 година.

Прегледи:

Датум:

Македонија и градот Скопје ќе бидат домаќини на големо светско ракометно натпреварување. На Ракометната федерација на Македонија ѝ е доверена организацијата на IHF Men’s Junior (U21) World Championship, кое ќе се одржи во периодот 23 јуни – 4 јули 2027 година.

На ова престижно натпреварување ќе настапат најдобрите млади ракометари до 21 година од целиот свет, а Македонија и градот Скопје повторно ќе бидат во фокусот на светската ракометна сцена.

„Ракометната федерација на Македонија продолжува посветено да работи на развојот и популаризацијата на ракометот, како и на промоцијата на Македонија како домаќин на големи меѓународни спортски настани. Воедно, изразуваме благодарност до Меѓународната ракометна федерација (IHF) за укажаната доверба и можноста Македонија повторно да биде организатор на едно вакво значајно светско натпреварување“, стои во соопштението на РФМ.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Мурињо испрати јасна порака до ѕвездите на Реал Мадрид: Само грбот на клубот е недопирлив

Тренерот на Реал Мадрид, Жозе Мурињо, јасно стави до...

Хапоел има огромен буџет: Дури 70 милиони евра по сезона

Сопственикот на Хапоел Тел Авив, Офер Јанаи, откри дека...

📸 Најавена целосна реконструкција на спортската сала „Македонија“ во Прилеп

Спортската сала „Македонија“ во Прилеп ќе добие целосна реконструкција....

Тен Хаг: Се согласивме Мектомини да остане, а потоа го продадоа

Поранешниот менаџер на Манчестер Јунајтед, Ерик тен Хаг, го...