Милан не се откажува од Влаховиќ

Прегледи:

Датум:

Фудбалскиот клуб Милан планира да потпише договор со српскиот напаѓач, Душан Влаховиќ, пишуваат италијанските и српските медиуми.

Двете страни се поврзуваат веќе неколку преодни рокови, но Влаховиќ сè уште е во Јувентус.

Неговиот договор со „Старата дама“ истекува на крајот од сезоната и сè уште не е продолжен.

Тој моментално се опоравува од повреда и не би било изненадувачки ако повторно соработува со Макс Алегри од јуни.

Влаховиќ одигра 13 натпревари и постигна три гола пред повредата.

Србинот е член на Јувентус од јануари 2022 година, кога пристигна од Фиорентина за 83,5 милиони евра.

Фото: Јутјуб/Принтскрин/Јувентус

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Тен Хаг: Се согласивме Мектомини да остане, а потоа го продадоа

Поранешниот менаџер на Манчестер Јунајтед, Ерик тен Хаг, го...

Реал Мадрид бара пари од шест англиски гиганти за пропаднатата Суперлига

Реал Мадрид има намера да собере дел од трошоците...

Алегри разговарал со Де Лаурентис: Зборовите не значат ништо, ни требаат резултати

Тренерот на Наполи, Масимилијано Алегри, потврди дека разговарал со...

Фјури го пофали Дубоа па го предупреди Џошуа: Истото те очекува и на 11 декември

Тајсон Фјури ја искористи победата на Даниел Дубоа над...