Бузалковски со нов европски медал во брзинскиот мотоциклизам

Прегледи:

Датум:

Македонскиот моторциклист, Христијан Бузалковски, ја продолжи низата на меѓународни успеси, освојувајќи втор бронзен медал на ФИМ Европскиот шампионат во брзински мотоциклизам.

Свеченото доделување на наградите се одржа во Верона, Италија, каде што најдобрите европски мотоциклисти ги примија признанијата и пехарите за остварените резултати во сезоната 2025.

„Изминатата година конкуренцијата беше на значително повисоко ниво, па борбата за првите три места беше исклучително неизвесна и се одлучуваше во стотинки. Затоа сум многу среќен што повторно медалот и пехарот доаѓаат во нашата земја, како доказ дека трудот секогаш се исплати. Пред мене е тешка мисија да го подобрам овој успех во сезоната 2026, но како и досега, секогаш се стремам кон уште подобри резултати”, изјави Бузалковски.

Сезоната 2025 се вбројува меѓу најуспешните во неговата кариера, но и во историјата на македонскиот мотоциклизам. Со повторување на резултатот од 2023 година, учество и успешно завршување на ФИМ Светскиот ендуранс шампионат на легендарната патека Ле Ман, како и освојување на вицешампионската титула во БМУ Европскиот шампионат во професионалната класа СТК1000, со пет победи од осум настапи, тој уште еднаш докажа дека епитетот најуспешен македонски мотоциклист е целосно заслужен, велат од неговиот тим.

Фото: Тим на Христијан Бузалковски

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Тиаго: Да го претставувам Бразил е најголемото достигнување во мојот живот

Напаѓачот на Бразил и Брентфорд, Игор Тиаго, одржа прес-конференција...

Дамфрис ги помина медицинските прегледи за трансфер во Реал Мадрид

Реал Мадрид денес официјално го извести Интер Милан дека...

Дешан за критиките кон Мбапе: „Разговаравме…“

Францускиот капитен Килијан Мбапе е во врвна форма, и...

Мурињо ја информирал Управата: Три ѕвезди мора да бараат нов клуб

Жозе Мурињо ги направи првите решителни чекори откако се...