Муслера на Светското првенство по петти пат: Ќе наполни 40 години за време на турнирот

Селекторот на репрезентацијата на Уругвај, Марсело Биелса, го објави списокот од 26 играчи за претстојното Светско првенство

Прегледи:

Датум:

Селекторот на репрезентацијата на Уругвај, Марсело Биелса, го објави списокот од 26 играчи за претстојното Светско првенство.

На списокот е и Фернандо Муслера, кој ќе игра на своето петто Светско првенство. Тој ќе наполни 40 години за време на турнирот (16 јуни).

Голманот на аргентински Естудијантес бранеше на Светското првенство во 2010 година, кога Уругвај стигна до полуфиналето.

Список на уругвајски фудбалери:

Голмани: Серхио Роше, Фернандо Муслера, Сантијаго Меле.

Одбрана: Гилермо Варела, Роналд Араухо, Хозе Марија Хименез, Сантијаго Буено, Себастијан Касерес, Матијас Оливера, Хоакин Пикерез, Матијас Виња.

Среден ред: Мануел Угарте, Емилијано Мартинез, Родриго Бентанкур, Федерико Валверде, Агустин Канобио, Хуан Мануел Санабрија, Џорџо де Араскаета, Николас де ла Круз, Родриго Салазар, Факундо Пелистри, Максимилијано Араухо, Брајан Родригез.

Напад: Родриго Агире, Федерико Вињас, Дарвин Нуњез.

Уругвајците двапати беа светски шампиони. Првиот пат беше во 1930 година кога беа домаќини и во 1950 година во Бразил.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Мурињо испрати јасна порака до ѕвездите на Реал Мадрид: Само грбот на клубот е недопирлив

Тренерот на Реал Мадрид, Жозе Мурињо, јасно стави до...

Хапоел има огромен буџет: Дури 70 милиони евра по сезона

Сопственикот на Хапоел Тел Авив, Офер Јанаи, откри дека...

📸 Најавена целосна реконструкција на спортската сала „Македонија“ во Прилеп

Спортската сала „Македонија“ во Прилеп ќе добие целосна реконструкција....

Тен Хаг: Се согласивме Мектомини да остане, а потоа го продадоа

Поранешниот менаџер на Манчестер Јунајтед, Ерик тен Хаг, го...