Надал одговори на гласините дека е вклучен во кампањата за соборување на Перез

Рафаел Надал ги негираше тврдењата дека ќе се придружи на претседателската кампања на Енрике Рикелме против Флорентино Перез во Реал Мадрид

Прегледи:

Датум:

Рафаел Надал ги негираше тврдењата дека ќе се придружи на претседателската кампања на Енрике Рикелме против Флорентино Перез во Реал Мадрид.

Во последните денови, шпанските медиуми пишуваа дека поранешниот тенисер е дел од струјата што сака да го отстрани Перез од раководството на кралскиот клуб.

Познато е дека Надал е голем обожавател на Реал Мадрид, но тој остро ги негираше овие медиумски извештаи.

„Ги прочитав тврдењата што ме поврзуваат со можни кандидатури за претседател на Реал Мадрид. Сакам да разјаснам дека оваа информација не е вистинита“, напиша Надал на социјалните мрежи.

Флоретино Перез е под огромен притисок овие денови бидејќи клубот ја завршува сезоната без да освои трофеј. Многумина го принудуваат да си замине од Реал, но засега тој се спротивставува на притисокот.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Пјастри падна за три места на стартот на Големата награда на Италија

Оскар Пјастри доби казна од три места на стартната...

Билбао му одржаа лекција на Атлетико Мадрид

Фудбалерите на Атлетико Билбао му одржаа лекција на Атлетико...

Премиер лига: Халанд кобен за Ковентри, прв бод за Тотенхем

Фудбалерите на Манчестер Сити го победија Ковентри со 1-0...

Бундеслига: Дортмунд и Елвесбург со пресврти, Лајпциг поразен

Борусија Дортмунд го победи Хофенхајм со 3-2 на гости,...